1 Петар 2:11-12
1 Петар 2:11-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги мои, вие сте привремени жители, туѓинци на оваа Земја. Затоа ве молам да не им се препуштате на телесните страсти, зашто тие војуваат против вашите души. Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога. Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бога во денот кога Тој ќе ги посети.
1 Петар 2:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата. Однесувајте се достојно меѓу незнабошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.
1 Петар 2:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата. Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата.