1 Петар 4:1-2
1 Петар 4:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Христос, додека беше овде на Земјата, страдаше, и вие треба да бидете подготвени да страдате. Кога човек ќе умре, престанува да греши. Ако „умревте“ со Христос, вие веќе нема да живеете водени од вашите телесни страсти, туку во текот на вашиот овоземен живот ќе ја исполнувате Божјата волја.
1 Петар 4:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пострада со телото, тој прекинал со гревот, та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
1 Петар 4:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, бидејќи Христос пострада во телото за нас, вооружете се и вие со истата мисла - зашто кој пострадал во тело прекинал од гревот, та останатото време на животот, во телото, да не го поминете според човечките страсти, туку според Божјата волја.