1 Петар 4:12-13
1 Петар 4:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува! Радувајте се што преку страдањата се идентификувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.
1 Петар 4:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува. Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.
1 Петар 4:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Возљубени мои, не чудете се на огненото испитување, што се појави меѓу вас, за да ве искуша, како да ви се случува нешто необично, туку, радувајте се дека соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и да се веселите при откровението на Неговата слава.