1 Самоилова 11:6-7
1 Самоилова 11:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Саул ги чу тие зборови, Господовиот Дух слезе на него, и силен гнев зовре во него. И тој зеде два вола, ги насече, и деловите ги испрати по пратеници во сите Израелеви краишта и порача: „Кој не ќе тргне по Саула, вака ќе биде со неговите говеда.“ И Божјиот страв ги опфати луѓето, па тргнаа како еден човек.
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 111 Самоилова 11:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И слезе Духот Божји врз Саул, откако ги чу тие зборови, и силно се разгневи; па зеде два вола, ги исече на парчиња и ги испрати по сите израелски предели преку тие пратеници, објавувајќи дека така ќе биде постапено со воловите на секого што нема да тргне по Саул и по Самоил. И страв Господов падна врз народот, и тргнаа сите како еден човек.
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 11