1 Солуњаните 5:8-11
1 Солуњаните 5:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата. Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос, Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати. Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.
1 Солуњаните 5:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на надежта за спасение, зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос, Кој умре за нас, та ние да живееме заедно со Него, било кога сме будни, или кога спиеме. Поради тоа утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг онака како што и правите!
1 Солуњаните 5:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А ние, кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени, да се облечеме во оклоп на вера и љубов, и со надежта на спасение како кацига, зашто Бог не нѐ определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос, Кој умре за нас за да живееме заедно со Него, било да сме будни или да спиеме. Затоа утешувајте се меѓусебно и надградувајте се еден друг како што и правите!