1 Тимотеј 1:9-10
1 Тимотеј 1:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци, за блудници, за мажеложници, трговци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука
1 Тимотеј 1:9-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават се што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители! Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење
1 Тимотеј 1:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе; за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сѐ друго што ѝ е противно на здравата наука