1 Тимотеј 2:1-4
1 Тимотеј 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
1 Тимотеј 2:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив. Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство. Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа. Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината, а тоа е дека
1 Тимотеј 2:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така, пред сѐ да се прават просби, молитви, молби, благодарности за сите луѓе, за царевите и за сите кои се на власт, за да можеме да проживееме тих и мирен живот во сета побожност и чесност. Ова е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител, Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината.