Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

2 Летописи 20:17-18 - Спореди ги сите верзии

2 Летописи 20:17-18 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Овој пат нема вие да се борите: застанете, стојте и гледајте го спасението од Господ, што ви се испраќа. Јудо и Ерусалиме, не плашете се и не стравувајте! Излезете утре против нив, и Господ ќе биде со вас!“ Јосафат се поклони со лицето до земја, и сите Јудејци и жители еруса­лимски паднаа пред Господ, за да Му се поклонат.

2 Летописи 20:17-18 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Не треба да се биете; поставете се, стојте па гледајте како ќе ви помогне Господ.’ Еј Јудо и Ерусалиме, не бојте се и не плашете се; утре излезете пред нив, и Господ ќе биде со вас!“ Тогаш Јосафат падна ничкум на земјата, и сите Јудејци и Ерусалимци паднаа пред Господа за да Му се поклонат.