2 Летописи 20
20
Победа на Јосафат над Моавците и Амонците
1 #
Пс 83,5; 1 Лет 4,41 Потоа Моавците и Амонците, а со нив и некои од земјата маонска, појдоа во војна против Јосафат. 2#1 Мојс 14,7Дојдоа и му јавија на Јосафат, велејќи: „Против тебе доаѓа големо множество народ од преку море, од Едом, и веќе се во Хацецон-Тамара, односно во Ен-Геди.“ 3#1 Сам 7,6; Ис 58,6; Ер 36,9; Ест 4,16; Дан 9,3; Езд 8,23; Неем 1,4Јосафат се уплаши и го сврте лицето свое и Го побара Господа и објави пост во цела Јудеја. 4#Ер 36,6Се собраа Јудејци да молат за помош од Господ; дојдоа да Го молат Господа од сите Јудини градови. 5И застана Јосафат во собранието на Јудејците и на ерусалимците во Домот Господов, пред новиот трем, 6#5 Мојс 4,39; Ис 14,27; Ер 32,27; 1 Лет 29,11-12; Мт 6,9и рече: „Господи, Боже на предците наши! Не си ли Ти Бог на небото? Ти владееш над сите царства на народите; и во Твојата рака е силата и цврстината, и никој не може да застане против Тебе! 7#1 Мојс 12,7; Ис 41,8Нели Ти, Боже наш, ги истера жителите на оваа земја, пред лицето на Твојот народ Израел и му ја даде засекогаш на потомството на Авраам, Твојот пријател? 8Тие се населија во неа и Ти изградија во неа светилиште за Твоето име, велејќи: 9‚ако дојде врз нас неволја: меч погубен, или помор, или глад, ќе застанеме пред овој дом и пред Твоето лице, зашто името Твое е во тој дом; и во маките свои ќе повикаме кон Тебе, и ти ќе нѐ чуеш и ќе нѐ избавиш.‘ 10#4 Мојс 20,14-21; 5 Мојс 2,4-6А гледај, Амонците и Моавците и жителите на гората Сеир, чии земји не дозволи да ги нападнат Израелците, кога доаѓаа од египетската земја, па затоа тие ги одминаа и не ги сотреа, 11тие пак сега ни возвраќаат со лошо, доаѓајќи да нѐ истераат од Твојот посед, што си ни го дал да го наследиме. 12#Суд 11,27; Ис 30,15; Пс 25,15Боже наш! Суди им Ти. Зашто ние немаме сила против тоа големо множество, што нѐ нападнало, и не знаеме што да правиме; но очите ни се кон Тебе.“ 13Сите Јудејци стоеја пред лицето Господово, и нивните мали деца, жените нивни и синовите нивни. 14#1 Лет 9,15Тогаш Духот Господов слезе среде собранието врз Јахазиел, синот на Захарија, син Бенаев, син Јеиелов, син Матаниев, левит од Асафовите синови. 15#1 Сам 17,47; Пс 91,8И рече: „Чујте сите Јудејци и жители ерусалимски, и ти, царе Јосафате! Вака ви вели Господ ваш: Не плашете се и не стравувајте од тоа големо множество, зашто војната не е ваша, туку Божја. 16#1 Сам 17,47Излезете утре против нив: ете, тие ќе се искачуваат по ридот Циц, вие ќе ги најдете на крајот на долината, спрема пустината Јеруел. 17#2 Мојс 14,13Овој пат нема вие да се борите: застанете, стојте и гледајте го спасението од Господ, што ви се испраќа. Јудо и Ерусалиме, не плашете се и не стравувајте! Излезете утре против нив, и Господ ќе биде со вас!“ 18#1 Мојс 24,26Јосафат се поклони со лицето до земја, и сите Јудејци и жители ерусалимски паднаа пред Господ, за да Му се поклонат. 19А левитите од синовите Каатови и од синовите Корееви почнаа да Го слават Господ, Бог Израелов, со многу висок глас. 20#1 Мојс 39,3; Ис 7,9Утредента станаа рано и тргнаа кон Текојската пустина, и кога тргнаа, застана Јосафат и рече: „Чујте ме, Јудејци и жители ерусалимски! Верувајте Му на Господ, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех.“ 21#Пс 136,1Потоа се посоветува со народот и постави пејачи пред Господ, кои со свечени облеки, одејќи пред војската, ќе ја слават светоста Негова и ќе велат: „Фалете Го Господа, зашто милоста Негова е засекогаш!“ 22И кога почнаа да воскликнуваат и да Му пеат славопои, Господ предизвика несогласност меѓу Амонците, Моавците и жителите на гората Сеир, што ја беа нападнале Јудеја, и тие беа разбиени: 23#1 Мојс 19,38; Суд 7,22; 1 Сам 14,20; Ез 38,21зашто Амонците и Моавците се кренаа против жителите на гората Сеир, и ги биеја и ги истребуваа, а кога завршија со жителите на Сеир, почнаа да се истребуваат едни со други. 24И кога Јудејците дојдоа на ридот кај пустината и го видоа она множество, а таму – трупови, испружени по земјата, и никој не се беше спасил. 25Дојде Јосафат и народот негов да собираат плен и најдоа кај нив прилично многу и богатство, и облека и скапоцени работи, и собраа толку што не можеа да носат. Три дни собираа плен – толку многу голем беше тој! 26А на четвртиот ден се собраа во Долината на благословот, бидејќи таму Го благословија Господа. Затоа тоа место се вика Емек Бераха – Долина на благословот и до денес. 27Тогаш сите Јудејци и ерусалимците, на чело со Јосафат, тргнаа да се вратат во Ерусалим радосно, зашто Господ им даде победа над непријателите нивни. 28И дојдоа во Ерусалим со харфи, лири и труби пред домот Господов. 29#1 Мојс 35,5И страв Божји навлезе кај сите царства земни, кога слушнаа дека Сам Господ војувал против непријателите на Израел. 30#1 Лет 22,9И царството Јосафатово се успокои; Господ му даде мир од сите страни.
Крај на владеењето на Јосафат
(1 Цар 22,41-50)
31Така царуваше Јосафат над Јудеја. Кога стана цар, беше на триесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, ќерка на Шилхи. 32Тој одеше по патот на својот татко Аса и не се отстрани од него, вршејќи го она што е угодно пред очите на Господ. 33Само идолските светилишта уште не беа разрушени, народот сѐ уште не го беше свртел срцето свое кон Бога на своите предци. 34#1 Цар 16,1Другите дела Јосафатови, први и последни, опишани се во записите на Јуј, синот Ананиев, кои се внесени во книгата на израелските цареви. 35Но потоа Јосафат, царот јудејски, се здружи со Охозија, цар израелски, кој постапуваше беззаконо; 36се поврза со него, за да градат кораби, што ќе ги испраќаат во Тарсис; а изградија и кораби во Ецјон-Гевер. 37Тогаш Елиезер, синот на Додавах од Мареша, пророкува за Јосафат и рече: „Бидејќи си се здружил со Охозија, Господ ќе го разруши твоето дело.“ И корабите се разбија и не можеа да отпловат за Тарсис.
Селектирано:
2 Летописи 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006