2 Коринтјаните 4:16-18 - Спореди ги сите верзии
2 Коринтјаните 4:16-18 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува. Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу пообилна и вечна тежина на славата, зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.
2 Коринтјаните 4:16-18 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува. Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно. Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат. Зашто се што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.
2 Коринтјаните 4:16-18 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Затоа не се истоштуваме, па и ако се распаѓа нашиот надворешен човек, внатрешниот се обновува од ден на ден. Зашто, нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно, и неизмерно, вечно изобилство на слава, зашто ние не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни.