2 Коринтјаните 5:14-15
2 Коринтјаните 5:14-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што и да работиме, тоа е затоа што не раководи љубовта на Христос. Како што веруваме дека Христос умре за сите луѓе, така веруваме и дека сите ние умревме за стариот начин на живот што го живеевме. Тој умре за сите нас и затоа тие што го прифаќаат од Него подарениот живот, нема веќе да живеат за да си угодуваат самите на себе, туку ќе живеат за да Му угодат на Христос, Кој умре и воскресна за нив.
2 Коринтјаните 5:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи љубовта Христова нѐ гони да го мислиме ова: кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна.
2 Коринтјаните 5:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, Христовата љубов нѐ опфаќа, кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив.