2 Коринтјаните 5:15-16
2 Коринтјаните 5:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна. Затоа ние отсега никого не познаваме по тело; иако Христос Го познавме по тело, но сега веќе не Го познаваме како таков.
2 Коринтјаните 5:15-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тој умре за сите нас и затоа тие што го прифаќаат од Него подарениот живот, нема веќе да живеат за да си угодуваат самите на себе, туку ќе живеат за да Му угодат на Христос, Кој умре и воскресна за нив. Затоа, ние веќе никого не вреднуваме според телесните постигнувања. Ако порано така гледавме на Христос сега веќе не гледаме така.
2 Коринтјаните 5:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив. Затоа отсега и ние не познаваме никого по тело; иако Христа Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така.