Амос 9:13-14
Амос 9:13-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога орачот ќе го стигнува жетварот, и гмечителот на грозјето - сејачот, кога планините ќе потечат со младо вино, и сите ридови ќе се прелеваат со него. Ќе ја свртам судбината на Мојот народ Израел: ќе ги обноват разурнатите градови и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе им го пијат виното, ќе ги засадат градините и ќе го јадат нивниот плод.
Сподели
Прочитај Амос 9Амос 9:13-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ете, ќе настапат дни, вели Господ, кога орачот ќе го затече жетварот и оној што гази грозје – сејачот; и горите ќе пуштаат гроздов сок, и од сите ридови ќе потече. Ќе ги вратам заробените на Мојот народ Израел; и пак ќе ги изградам запустените градови и ќе се населат во нив; ќе насадат лозја и ќе пијат вино од нив, и ќе направат градини и ќе јадат плодови од нив.
Сподели
Прочитај Амос 9