Повторени закони 6:10-12
Повторени закони 6:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Тој им се заколна на предците твои – Авраам, Исак и Јаков, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел, и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па ќе јадеш и ќе се наситуваш! Тогаш пази да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството.
Повторени закони 6:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе ти ја даде тебе: - со големи и убави градови, што не ги ѕидаше; со куќи полни со секакво благо, што не си ги полнил; со ископани кладенци, што не си ги копал; со лозја и со маслинови градини, што не си ги садел - и кога јадеш и ќе се наситиш: внимавај да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.