Проповедник 4:9-12
Проповедник 4:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејќи имаат добра награда за трудот свој. Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене. Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден – како ќе се згрее? И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине.
Сподели
Прочитај Проповедник 4Проповедник 4:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд. Ако падне едниот, другиот ќе го поткрене а тешко му на едниот! Ако падне, нема никој да го крене. Па и ако се спие двајца заедно потопло е; а како ќе се загрее самецот? И ако некој удри на едниот, двајцата ќе му се спротиват; и троструко јаже не се кине скоро.
Сподели
Прочитај Проповедник 4