Проповедник 8:16-17
Проповедник 8:16-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го насочив срцето свое кон тоа, да постигнам мудрост и да ги разгледам работите, што се вршат на земјата, и поради кои на човекот не му доаѓа сон ни дење ни ноќе, – тогаш ги видов сите дела Божји и разбрав дека човекот не може да ги сфати работите, што се вршат на земјата. Колку и да се труди човекот да ги проучува, пак нема да го постигне тоа. Дури и мудрец тоа не може да го открие, иако мисли дека знае.
Проповедник 8:16-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога го насочив срцето за да ја познаам мудроста, се обидов да сфатам што се работи на земјата. Навистина, човекот не наоѓа спокојство ни дење ни ноќе. Го набљудувам целокупното Божјо дело: и навистина никој не може да го долови онаа што се збиднува под сонцето. Зашто колку и да се труди човек да го открие, никогаш не може да го открие. Па ни мудрецот не може да го открие тоа, иако мисли дека знае.