Ефесјаните 6:10-12
Ефесјаните 6:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лукавство; зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.
Ефесјаните 6:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ. Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот. Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.
Ефесјаните 6:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.