Ефесјаните 6:13-17
Ефесјаните 6:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени. Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста, обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир. Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот. Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово.
Ефесјаните 6:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот; земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
Ефесјаните 6:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сѐ, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сѐ тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово