Излез 12:12-13
Излез 12:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто ќе поминам низ земјата египетска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата египетска, од човек до добиток, и ќе им се одмаздам на сите египетски богови, зашто Јас сум Господ. А крвта ќе ви биде знак на куќите, во кои ќе бидете: и кога ќе видам крв, ќе ве одминам, па нема да има меѓу вас помор, кога ќе ја казнам египетската земја.
Сподели
Прочитај Излез 12Излез 12:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имено во таа ноќ Јас ќе тргнам низ Египетската Земја и ќе ги погубам сите првороденци во Египетската Земја, и на човекот и на животното. Јас, Господ, ќе ги казнам и сите египетски божества. Крвта нека ги означува куќите во кои ќе бидете вие. Каде и да забележам крв, ќе поминам покрај вас; така вие ќе го избегнете поморот, кога ќе се нафрлам врз Египетската Земја.’
Сподели
Прочитај Излез 12