Излез 34:6-7 - Compare All Versions
Излез 34:6-7 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Потоа Господ помина покрај лицето на Мојсеј и извика: „Господ, Господ, Бог човекољубив и милостив, долготрпелив, многумилостив и верен! Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, но Кој виновни не остава неказнети, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата, дури и внуците до третото и четвртото колено.“
Сподели
Излез 34 MK2006Излез 34:6-7 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински, искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.“
Сподели
Излез 34 MKB