Излез 6:8-9
Излез 6:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков; и ќе ви ја дадам вам во наследство. Јас сум Господ!‘“ Мојсеј им го кажа тоа на синовите на Израел, но тие не го послушаа Мојсеј од малодушност, поради тешкото ропство.
Сподели
Прочитај Излез 6Излез 6:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ќе ве доведам во земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на Авраама, Исака и Јакова, и ќе ви ја дадам во наследство, Јас, Господ.“ Мојсеј им го кажуваше тоа на Израелците, ама не сакаа да го слушаат: духовите им беа заматени од тешкото ропство.
Сподели
Прочитај Излез 6