Галатјаните 2:15-16
Галатјаните 2:15-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јас и ти по раѓање сме Евреи, а не грешници од народите кои не Го познаваат Бога. Па сепак знаеме дека човек не се помирува со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, туку преку вера во Исус Христос. Затоа и поверувавме во Исус Христос, за да бидеме прифатени од Бог преку вера во Христос, а не преку придржување кон Мојсеевиот Закон. Никој нема да се спаси придржувајќи се до Мојсеевиот Закон.“
Галатјаните 2:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците. Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.
Галатјаните 2:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите. Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.