Галатјаните 5:19-21
Галатјаните 5:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Делата на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат, идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив. Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство.
Галатјаните 5:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи, зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
Галатјаните 5:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство.