Создавање 1:26-27
Создавање 1:26-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ, според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“ И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
Создавање 1:26-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!“ Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.