Евреите 10:24-25
Евреите 10:24-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Да размислуваме како еден со друг да се поттикнуваме на љубов и добри дела. Да не изостануваме од нашите заеднички богослужби, како што некои тоа имаат обичај да го прават, туку напротив, да се охрабруваме едни со други, особено сега кога гледате дека се приближува денот на враќањето на нашиот Господ!
Евреите 10:24-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден.
Евреите 10:24-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
и да внимаваме на тоа да се поттикнуваме еден со друг кон љубов и добри дела! Да не ги напуштаме своите собранија, како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден друг, и тоа дотолку повеќе, доколку гледате дека наближува Денот!