Евреите 11:7
Евреите 11:7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ное имаше вера во Бог и затоа Тој го предупреди за она што се уште не се беше случило. Тој со побожна почит изгради ковчег за да го спаси своето семејство. На тој начин, светот беше осуден, а Ное поради својата вера беше оправдан во Божјите очи.
Сподели
Прочитај Евреите 11Евреите 11:7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Преку вера Ное, откако беше предупреден за она што уште не се гледаше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера.
Сподели
Прочитај Евреите 11Евреите 11:7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Преку вера Ное беше известен за она што уште не се гледаше, поттикнат од стравопочитување, приготви ковчег за спасение на својот дом; со неа го осуди светот и стана наследник на праведноста, која е според вера.
Сподели
Прочитај Евреите 11