Исаија 58:6-7
Исаија 58:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ова е пост што Ми е по волјата: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот, да ги пуштиш на слобода угнетуваните, да ги скршиш сите окови; Да го поделиш својот леб со гладните, да ги воведеш под својот покрив бескуќниците, да го облечеш оној што ќе го видиш гол, и да не се криеш од оној, кој е од твојата крв.
Сподели
Прочитај Исаија 58Исаија 58:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; раздели го лебот свој со гладните, и бездомните сиромаси закрили ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од крвните сродници не криј се.
Сподели
Прочитај Исаија 58