Јаков 1:5-8
Јаков 1:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, бидејќи е нерешителен и непостојан во се.
Јаков 1:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура; таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
Јаков 1:5-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде. Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера. Таквиот човек да не мисли, дека ќе прими нешто од Господа. Човекот со разделена душа е непостојан во сите свои патишта.