Еремија 25:11-12
Еремија 25:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина.
Сподели
Прочитај Еремија 25Еремија 25:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сета земја ќе се претвори во запустеност и пустина, и сите народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ - зборува Господ - за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини.
Сподели
Прочитај Еремија 25