Јован 1:1-5
Јован 1:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.
Јован 1:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. Тоа во почетокот беше во Бога. Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.
Јован 1:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Тоа беше во почетокот во Бога. Сѐ стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето. И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.