Јован 14:12-14
Јован 14:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко. Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам. На тој начин Синот ќе Му донесе слава на небесниот Татко. Јас ќе направам се што ќе побарате во Мое име.
Јован 14:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“
Јован 14:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе прави и поголеми од овие, зашто Јас одам при Мојот Татко. И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“