Јован 17:15-19
Јован 17:15-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината.
Јован 17:15-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Татко! Не Те молам Моите следбеници да ги земеш од светот, туку да ги чуваш од Злиот. Тие не му припаѓаат на светот, како што ни Јас не му припаѓам на светот. Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината. Јас ги испраќам во светот, како што Ти Мене Ме испрати во светот. Јас се посветив за нив, за и тие да и бидат посветени на вистината.
Јован 17:15-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не Те молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од лукавиот. Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот. Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот; За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината.