Јован 21:15-17
Јован 21:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се најадоа, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли повеќе од овие?“ „Да, Господе“, - Му одговори тој - „Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Тогаш, храни ги Моите јагниња!“ И вторпат го праша: „Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли?“ „Да, Господе“, - Му одговори Петар - „Ти знаеш дека Те сакам.“ „Тогаш, грижи се за Моите овци“ - му рече Исус. Исус и третпат проговори и овојпат го праша: „Симоне, сине Јованов, Ме сакаш ли?“ Петар се нажали што Исус третиот пат го праша: „Ме сакаш ли?“, па Му рече: „Господе, Ти знаеш се, Ти знаеш дека Те сакам!“ „Тогаш храни ги Моите овци!“ - му рече Исус.
Јован 21:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги јагненцата Мои!“ Го праша пак, повторно: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли?“ Петар Му кажа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!“ И по третпат му рече: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме љубиш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!
Јован 21:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Откако завршија со појадокот, Исус му рече на Симона Петра: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме повеќе отколку овие?“ тој Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Паси ги Моите јагниња!“ Му рече пак, по вторпат: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме?“ Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Води ги Моите овци на пасење!“ Му рече по третпат: „Симоне Јонин, Ме сакаш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме сакаш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти знаеш сѐ, Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци!“