Јов 2:11-13
Јов 2:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш три Јовови пријатели чуја за сите неволји што го снајдоа; секој се запати од својот крај, Елифаз од Теман, Валдад од Шуах, Софар од Наам, и одлучија да отидат заедно да го пожалат и да го утешат. И кога оддалеку ги насочија очите кон него, не го препознаа. Тогаш почнаа да плачат; секој ја раздра својата облека и фрлија прав на своите глави кон небото. Потоа седнаа покрај него на земјата и останаа така седум дена и седум ноќи. Ниеден не му проговори ни збор, зашто видоа дека е голема неговата болка.
Јов 2:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Слушнаа тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат. И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои. И седеа со него на земјата седум дена и седум ноќи: никој ни збор не му проговори, бидејќи гледаа дека страдањето му беше многу големо.