Јов 32:6-9
Јов 32:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И одговори Елијуј, син Варахиилов, од Буз, и рече: „Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење. Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во мудрост. Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува. Не само многулетните се мудри, ниту само старците знаат што е право.
Јов 32:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И проговорувајќи, Елиу, Варахиловиот син од Вуза рече: „Јас сум уште млад според своите години, а вие навлеговте во длабока старост; затоа јас се воздржав страшливо да го покажам своето знаење пред вас. Мислев во себе: „Староста ќе зборува, многуте години ќе ја покажат мудроста.“ Навистина, има дух во човекот, здивот на Сѐдржителот го прави разумен. Понапреднатата возраст не дава мудрост, ниту старците ја знаат праведноста.