Јов 4:4-6
Јов 4:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Со своите зборови ги подигаше истоштените, ги закрепнуваше растреперените колена. А кога тебе те снајде, се истошти во духот, кога падна на тебе, целиот се збуни! Зар твојата доверба не е стравот Божји, и чесноста на твоите патишта твоја надеж?
Сподели
Прочитај Јов 4Јов 4:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена. А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот. Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта – твоја поткрепа?
Сподели
Прочитај Јов 4