Лука 13:18-19
Лука 13:18-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам? Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.“
Сподели
Прочитај Лука 13Лука 13:18-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус рече: „Со што да го споредам Божјото царство? Тоа може да се спореди со синапово зрно што ќе го посее човек во својата градина. Тоа израснува и се развива во стебло на кое и птиците слетуваат и си прават гнезда меѓу неговите гранки.“
Сподели
Прочитај Лука 13Лука 13:18-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам? Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.“
Сподели
Прочитај Лука 13