Лука 7:21-22
Лука 7:21-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Токму тогаш Исус исцелуваше многу луѓе од нивните болести, заболувања и од демонски духови, а и на голем број слепи им ги отвораше очите. Исус им одговори на Јовановите пратеници: „Вратете се кај Јован и кажете му го тоа што го гледате и слушате: слепи прогледуваат, сакати проодуваат, лепрозни се исчистуваат, глуви почнуваат да слушаат, умрени оживуваат и на бедните им се проповеда Радосна вест!
Лука 7:21-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во тој час Тој исцели мнозина од болести, и од рани, и од демони, и на мнозина слепи им подари вид. И им одговори Исус и рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедни им се проповеда Евангелието
Лука 7:21-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во тој час исцели мнозина од болести, маки и зли духови, и на мнозина слепци им подари вид. Тогаш ним им одговори: „Одете и раскажете му на Јована што видовте и чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат, лепро-зните се очистуваат, глувите прослушуваат, мртвите стануваат и на бедните им се проповеда Евангелието