Лука 7:7-9
Лука 7:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
ниту пак сум достоен да дојдам кај Тебе. Кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави! Зашто и јас сум човек што се потчинува на наредби, а имам и власт да им издавам наредби на војниците. Кога на еден ќе му речам ,Оди!‘ - тој оди; на друг ќе му речам ,Дојди!‘, и тој доаѓа. На мојот слуга ќе му речам ,Стори го тоа!‘, и тој го извршува.“ Кога го чу ова, Исус се воодушеви и на народот што одеше по Него му рече: „Навистина, кај никого во Израел не видов толку голема вера!“
Лука 7:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
затоа и сам себе не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“ Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера!“
Лука 7:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа и не се сметав достоен да Ти пристапам - туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави! Зашто исто и јас сум човек под власт, и имам потчинети војници; и на едниот му велам: ‘Оди!’ и тој оди; а на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и го прави.“ Кога го чу тоа, Исус се зачуди и се заврте кон народот, што врвеше по Него и рече: „Ви велам, толкава вера не најдов ни во Израел.“