Матеј 14:18-19
Матеј 14:18-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Донесете ми ги!“ им рече Исус. Тогаш им рече на луѓето да поседнат по тревата, а Тој ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им ги даде на учениците, а тие им ги разделија на луѓето.
Сподели
Прочитај Матеј 14Матеј 14:18-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Тој им рече: „Донесете Ми ги тука.“ И заповеда народот да седне по тревата; ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото и благослови; ги раскрши лебовите и им ги даде на учениците, а учениците на мноштвата.
Сподели
Прочитај Матеј 14Матеј 14:18-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“ И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
Сподели
Прочитај Матеј 14