Матеј 20:26-28
Матеј 20:26-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас нека им служи на сите. Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина.“
Матеј 20:26-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи; како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Матеј 20:26-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Нека не биде така меѓу вас! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга! И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; како што Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.“