Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Матеј 3:8-10 - Спореди ги сите верзии

Матеј 3:8-10 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Направете плод достоен за покаја­ние и немојте да говорите во себе: ‚Наш татко е Авраам‘, зашто Бог може, ви ве­лам, и од овие камења да му подигне че­да на Авраам. Секирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.

Сподели
Матеј 3 MK2006

Матеј 3:8-10 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Докажете на дело дека навистина сте се покајале! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да направи Авраамови потомци! Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод.

Сподели
Матеј 3 MNT

Матеј 3:8-10 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Затоа, принесувајте плодови достојни на покајание, и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама. Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.

Сподели
Матеј 3 MKB