Матеј 5:15-16
Матеј 5:15-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на сите во куќата. Така и вие бидете светлина пред луѓето, нека видат добри дела во вас, па ќе Го слават вашиот небесен Татко.“
Сподели
Прочитај Матеј 5Матеј 5:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“
Сподели
Прочитај Матеј 5Матеј 5:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.“
Сподели
Прочитај Матеј 5