Марко 11:20-25
Марко 11:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Рано изутрината, минувајќи крај смоквата, учениците на Исус забележаа дека таа од корен се исушила. Тогаш Петар се сети на случката и Му рече на Исус: „Погледни, Учителе! Смоквата што Ти ја проколна се исушила!“ Исус им рече: „Имајте вера во Бог! Ве уверувам дека, ако имате вера во Бог и не се сомневате, ќе можете да и кажете на оваа планина да се искорне и да се фрли во морето, и тоа ќе се случи. Ви велам: Сe што ќе побарате преку молитва ќе добиете, ако имате вера. Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.“
Марко 11:20-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен. И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“ А Исус им одговори и рече: „Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
Марко 11:20-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А наутро кога поминуваа, ја видоа смоквата исушена од корен. А Петар се сети и Му рече: „Учи-теле, погледај! Се исушила смоквата, што ја проколна!“ Исус одговори и им рече: “Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде. Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го при-мивте, и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.