Неемија 1:7-9
Неемија 1:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга. Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, велејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘
Неемија 1:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Правевме многу зло спрема Тебе не држејќи ги Твоите наредби, закони и заповеди, кои ги заповеда Ти преку Мојсеја, Твојот слуга. Но спомни си за зборовите, што му ги довери на Мојсеја, Твојот слуга: ‘Ако бидете неверни, Јас ќе ве распрснам меѓу народите; ама ако Ми се обратите Мене, и ако ги почитувате Моите заповеди и ги држите, ако има некои од вас протерани и до крајот на небото, Јас ќе ве соберам и ќе ве одведам до местото, кое го избрав, за да престојува таму Моето Име’.