Изреки 14:29-33
Изреки 14:29-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости. Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските. Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда. За своето зло безбожниот ќе пропадне, а праведниот и при смртта ќе има надеж. Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот ја нема.
Изреки 14:29-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост. Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските. Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува. Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште. Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.