Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Псалми 69:13-18 - Спореди ги сите верзии

Псалми 69:13-18 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; во благопријатно време, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе; изведи ме од калта за да не пото­нам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води; за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста. Услиши ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме; не одвраќај го лицето Свое од слугата Твој, зашто сум потиштен; услиши ме брзо; наклони се кон душата моја и иску­пи ја; поради моите непријатели, спаси ме.

Псалми 69:13-18 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Но Тебе Ти се молам, Господи, во време на милоста Боже; услиши ме според Твојата голема добрина, според верноста на Твоето спасение! Извлечи ме од калта, за да не потонам, избави ме од оние што ме мразат - од длабоките води. Не оставај да ме покријат брановите, не оставај да ме проголта длабочината, не оставај бездната да ја затвори устата над мене! Услиши ме, Господи, зашто е благо Твоето милосрдие, погледај на мене, според Твојата голема милост! Не го скривај лицето пред Твојот слуга; зашто сум притеснет, услиши ме брзо! Приближи ѝ се на мојата душа и спаси ја; ослободи ме заради моите непријатели!

Сподели
Псалми 69 MKB