Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 69

69
ПСАЛМ 69
Слугата Господов е во голема неволја
1 # 45,1 Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до гушата моја! 2#18,4; Јона 2,6Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи. 3Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, че­кајќи Го мојот Бог. 4#119,82.123Оние, што ме мразат без причина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, бараат да го вратам! 5#40,12; 35,19; Јн 15,25Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе. 6Да не се посрамат поради мене сите оние, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат поради мене оние, кои Те бараат, Боже Израелов, 7зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое. 8#Ер 15,15Туѓ станав за браќата свои, туѓинец за синовите на мајка ми моја. 9#Јов; 19,13-15Бидејќи ревноста за Твојот дом ме изеде, и навредите на оние што Те хулат, паѓаат врз мене; 10#119,139; Јн 2,17; Рим 15,3и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло. 11#109,24-25Место облека облекувам вреќа; и со тоа им станав за приказ; 12против мене зборуваат оние што се­дат пред портите и пијаниците пеат за мене. 13Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; во благопријатно време, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе; 14#32,6; 102,13; Ис 49,8изведи ме од калта за да не пото­нам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води; 15за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста. 16Услиши ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме; 17#109,21не одвраќај го лицето Свое од слугата Твој, зашто сум потиштен; услиши ме брзо; 18#102,2; 143,7наклони се кон душата моја и иску­пи ја; поради моите непријатели, спаси ме. 19Зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: познати Ти се сите мои непријатели. 20Навредите ми го скршија срцето, очаен сум, очекувајќи некој да ми се сожали, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов. 21#Јов 6,14-15; Плач 1,2; Мт 26,40; Јн 16,32И ми дадоа жолчка да јадам и кога зажеднев – со оцет ме напоија. 22#Мт 27,34.48Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето – стапица; 23#Рим 11,9-10да им се помрачат очите, та да не гледаат, и бедрата нивни ослаби ги засе­когаш; 24излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе; 25домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив; 26#Дела 1,20зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои. 27#71,11; Ис 53,4Притури вина врз вината нивна, за да не добијат прошка од Тебе. 28Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани меѓу праведните. 29#2 Мојс 32,32; Ис 4,3; Дан 12,1; Фил 4,3; Откр 3,5Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од Тебе, Боже, спасението за мене! 30Ќе го славам името на мојот Бог со песна, ќе го возвеличувам во благодарност, 31#22,25-26и тоа ќе Му биде поугодно на Гос­под, отколку теле или јунец со рогови и со копита. 32Нека го видат тоа оние што стра­даат и нека се зарадуваат. Нека ви жив­нат срцата вам, кои Го барате Бога, 33#22,26; 34,2; 70,4зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои. 34#140,12Нека Го слават небесата и земјата, морето и сѐ што живее во него; 35зашто Бог ќе го спаси Сион, ќе се изградат градови во Јудеја, и таму ќе ги наследат; 36#102,16.28; Ис 44,26; Ез 36,10и ќе се веселат таму оние што го сакаат името Негово.

Селектирано:

Псалми 69: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се