Откровение 10:9-10 - Compare All Versions
Откровение 10:9-10 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Кога отидов кај ангелот да му ја побарам книшката, тој ми рече: „Земи ја и изеди ја! Таа во устата ќе ти биде блага како мед, но кога ќе ја проголташ во стомакот ќе ти стане горчлива!“ Ја зедов книшката од ангелот и ја изедов; во устата ми беше слатка како мед, но кога ја проголтав, ми ја загорчи целата утроба.
Откровение 10:9-10 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката!“ Тој ми одговори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.“ Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот.
Откровение 10:9-10 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И отидов при ангелот и му реков да ми го даде малиот свиток. И ми рече: „Земи го и изеди го! И ќе ти ја направи утробата горчлива; но во твојата уста ќе биде благ како мед.“ И го зедов малиот свиток од раката на ангелот и го изедов; и во мојата уста беше сладок како мед, но кога го изедов, мојата утроба стана горчлива.“