Откровение 14:13 - Compare All Versions
Откровение 14:13 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Потоа еден глас од небото ми рече: „Запиши го ова: Благословени се оние што отсега натаму умираат со вера во Господ!“ А Духот одговори: „Да, тие ќе отпочинат од своите напори, зашто резултатите од нивниот труд ќе ја продолжат службата!“
Сподели
Откровение 14 MNTОткровение 14:13 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Чув глас од небото како да ми вели: „Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!“
Сподели
Откровение 14 MK2006Откровение 14:13 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И чув глас од небото, што ми велеше: „Напиши: Блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа. ‘Да, вели Духот, нека починат од своите трудови, зашто нивните дела одат по нив.’
Сподели
Откровение 14 MKB